PROMEDIA - Specijalisti u laboratorijskom snabdevanju
ПроМедиа е компанија основана во Кикинда, 1996 година како фамилијарна фирма, со 100% капитал во приватна сопственост.
Од своите почетоци, како мала трговска фирма, ПроМедиа се развила во компанија со завидна позиција на пазарот, со деловни центри во Белград, Зрењанин и Ниш.
Компанијата се прилагодува на современите начини на деловно работење преку организацијата и начинот на работење, како на домашниот така и на регионалниот пазар. Со постојана разработка на стратешкиот развој, непрекината надградба на системот за контрола на квалитет, постојан професионален развој на своите вработени, како и вложување во капацитетите и програмите, ПроМедиа стана лидер во снабдување на лабораториите.
Семејството на ПроМедиа во моментов брои повеќе од 85 членови. Нивната улога е клучна, затоа што вработените со своето знаење, вештини и способности ја прават компанијата препознатлива меѓу конкуренцијата. ПроМедиа е дом кој со партнерски пристап постигнува сè повеќе. Градиме доверба која се заснова врз взаемното почитување со нашите партнери, кои денес се многубројни.
Својот успех не го мериме само преку деловните достигнувања, туку и по тоа колку добро ѝ служиме на заедницата и во која мера го подобруваме квалитетот на животот на луѓето. Од самиот почеток, општественото одговорно однесување е дел од нашата деловна политика, корпоративна култура и стратегија која ја негуваат менаџментот на компанијата и сите вработени. Постојано ја прифаќаме одговорноста да придонесуваме како добра членка на заедницата и преземаме разни активности, се со цел да го поттикнеме создавањето на подобро општество, заштита и подобрување на животната средина, како и зајакнување на локалната заедница.
Денес, ПроМедиа се занимава со продажба на лабораториска опрема, реагенси, хемикалии, материјали за контрола на стерилизација и потрошен лабораториски материјал за микробиолошки, биохемиски, цитогенетски и PCR лаборатории, како и лаборатории за контрола на квалитет на вода, храна, лекови и останати индустриски лаборатории.
По повеќе од дваесет години присуство на пазарот на лабораториски и медицински потрошен материјал, формирана е цврста основа за уште поголем раст и развој на ПроМедиа. Во 2016 година, нашиот менаџерски тим донесе одлука да зачекориме во светот на производството.
ProMedia
Specijalisti u laboratorijskom snabdevanju!