PROREADY - Систем за квалитет и контрола на квалитет
Официјална потврда за влез во светот на квалитетот е сертификатот за меѓународен стандард ISO9001 добиен во 2006 година.
Со спроведување на ISO14001 и ISO18001 стандардите во 2014 година, добивме уште една потврда за квалитетот на нашето долгогодишно работење.
Системот за управување со квалитетот ефикасно се спроведува и во производството, па од 2017 година сме сертифицирани и по ISO13485 стандардот, за производство на медицински средства.
Квалитетот на производот е приоритет на нашето производство и, е постигнат преку стандардизација на сите фази на производниот процес, како и тестирање на квалитетот на секоја произведена серија.
Производствените и оперативните процедури, записите и сите процеси поврзани за производството и контролата, се поставени согласно со упатствата за добра производствена пракса (GMP1).
ProReady Интерната контролна лабораторија се занимава со контрола на влезните суровини и секоја производствена серија, следење на физичко-хемиските и микробиолошките перформанси, како и мониторинг на амбиентот.
Нашиот тим од високо образовани и искусни експерти во полето на контола на квалитетот, го контролира и гарантира квалитетот на секоја произведена серија, следејќи и применувајќи ги методите на најзначајните интернационални стандарди.